Холандската фудбалска федерација (КНВБ) се извини на германските колеги и ги осуди сопствените навивачи кои на пријателскиот меч со Германија на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам (1:1) пееја хомофобни песни, поточно скандираа: „Сите Германци се хомосексуалци“.
„За време на мечот Холандија-Германија, неколку пати се слушна хомофобна песна од нашите навивачи. Сакаме сите да се чувствуваат добредојдено во фудбалот. КНВБ и репрезентацијата преку кампањата ‘Една љубов’ работат против секоја формаа на дискриминација. Песните беа кратки, но болни. Во 2022 мораме да бидеме подобри од ова“, се вели во објавата на федерацијата.