Top Sport

Ван Нистелрој од следната сезона тренер на ПСВ Ајндховен

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој ќе стане нов тренер на неговиот прв клуб, ПСВ Ајнховен, откако холандскиот клуб потврди дека тој ќе биде заменик на Роџер Шмит во новата сезона.

45-годишниот Ван Нистелрој, кој имаше 62 гола за ПСВ од 1998 до 2001 година, досега работеше како тренер на резервниот тим, но сега потпиша тригодишен договор да стане прв тренер.

„Работев за овој момент со години. Горд сум за добиената шанса и сигурен дека сум подготвен да станам лидер во мојот клуб“, изјави Ван Нистелрој.

По пензионирањето во 2012 година, Ван Нистелрој беше помошник-тренер во холандската репрезентација од 2014 до 2016 и од 2019 до 2022.

Scroll to Top