Top Sport

Холандски фан изнајми стан за на мир да го изгледа цел Мундијал

Холандија не успеа да се квалификува за Мундијалот во Русија, но тоа не го спречи фудбалскиот фанатик Стеин Спајкерман да си изнајми стан за на мир да ги изгледа сите натпревари на СП.

Тоа се вкупно 64 меча по 90 минути, но Спајкерман очигледно не сакаше ништо да застане на неговиот пат и да пропушти ниту една секунда од најголемата фудбалска претстава на светот. Спајкерман исто така успеал да добие еден месец годишен одмор, а во станот нема некој голем луксуз – кревет, фотелја, машина за кафе и нормално, голем телевизор.

„Досега не пропуштив ниту една секунда“, вели Спајкерман, сопственик на книжара во Ајндховен.

Дури сега следува најинтересното за него и за сите фудбалски фанови – нокаут фазата.

Scroll to Top