Холандските медиуми објавија неофицијални информации за апсењето на фудбалерите на Легија од Варшава, Радован Панков и Жосуе.
Легија синоќа гостуваше во Алкмар во рамките на второто коло во Конференциската лига. По натпреварот делегацијата на Легија влегла во пресметка со полицијата.
Како што првично беше објавено, дел од делегацијата на Легија, која остана на стадионот, не можеше да влезе во автобусот, по што почна судир со полицијата.
Како што пренесува порталот „Voetboalzone“, во таа прилика е повреден еден од припадник на обезбедувњето. Тој наводно се здобил со потрес на мозокот, како и скршеница во лактот. Удрил во ѕидот на излезот од стадионот што водел кон автобусот на играчите.
Тој е префрлен во болница, а Панков и Жосуе во меѓувреме се приведени. Тие ја поминаа ноќта во притвор, а холандската полиција има право да ги задржи 72 часа.
Според изворите на „Де Телеграф“, тие двајца се одговорни за тоа дело.
„По нападот на обезбедувањето, фудбалерите насилно ги отвориле затворените врати на стадионот АФАС за да влезат во автобусот. Тогаш вооружена полициска единица решила да влезе во возилото за да ги спречи осомничените да избегаат“, пишуваат холандските медиуми.
На сајтот „Легија.нет“ беше пренесено сведочењето на новинар од весникот „Факту“ во кое се нагласува дека Панков го оттурнал човекот кој влегол во вербална пресметка со него, по што тој паднал и се здобил со фрактура на лактот. И покрај тоа, припадникот на обезбедувањето станал и се обидел да го нападне српскиот стопер.
Кога бил пренесен во болница, полицијата го опколила автобусот и барала Панков и Жосуе да излезат. Според полските медиуми, тие ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир и за напад на службено лице.
Според локалните медиуми, АЗ Алкмар се подготвува да преземе правни мерки против Легија.
Легија најави дека во 14 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе зборува претседателот на клубот, Дариуш Миодуски, кој се здоби со полесни повреди во пресметката со полицијата, тој со пендрек бил удрен по главата.
Takie obrazki 𝗡𝗜𝗚𝗗𝗬 nie powinny mieć miejsca w sporcie❗ Piłkarze Legii w 𝗞𝗔𝗝𝗗𝗔𝗡𝗞𝗔𝗖𝗛, prezes Dariusz Mioduski 𝗦𝗭𝗔𝗥𝗣𝗔𝗡𝗬 przez holenderską policję… 😱
Podsumowanie nocnych wydarzeń w Alkmaar okiem @PKamieniecki znajdziecie 𝗧𝗨 👉 https://t.co/BOZuEyef4z pic.twitter.com/6ZH1khCmaZ
— TVP SPORT (@sport_tvppl) October 6, 2023