Top Sport

Холанѓаните со победа се збогуваа со Снајдер, Португалија и Хрватска со реми (видео)

Прошталниот натпревар на Весли Снајдер во холандскиот дрес заврши со 2:1 победа на „лалињата“ над Перу, откако Мемфис Депај постигна два гола на „Јохан Кројф арената“ во пријателскиот меч.

Со голем број на неговите колеги од СП во 2010 година, кога Холандија играше во финалето, 34-годишниот Снајдер го имаше својот 134. настап за „оранје“, а во првото полувреме изгледаше дека прошталниот меч ќе заврши со пораз, откако Педро Аквино постигна гол. Но, со дебито на 21-годишниот играч од средниот ред на Ајакс, Френки де Јонг, ритамот во холандската репрезентација се смени и тој асистираше при израмнувачкиот гол на Депај, кој потоа во соло акција донесе победа за Холандија.

Во Алгарве пак, светските вице-шампиони Хрватска, со многу сменет состав, одигра 1:1 против Португалија, кај која отсуствуваше Кристијано Роналдо. Иван Перишиќ во 19. минута постигна убав гол за „коцкестите“, пред ветеранот Пепе во 32. минута да израмни за Португалците.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

Холандија – Перу 2:1

Португалија – Хрватска 1:1

Австрија – Шведска 2:0

Scroll to Top