Top Sport

Германците без решение за светските шампиони, Велс ја „здроби“ Ирска (видео)

Светскиот шампион Франција успеа да остане непоразена на гостувањето на „Алијанц арената“ во Минхен од Германците, во најинтересниот судир на првиот ден од натпреварувањето во новата Лига на нации на УЕФА.

Дуелот на двата последни светски шампиони беше најавуван како можност да се покаже убавината на новото натпреварување на УЕФА, но во Минхен немаше многу возбуди. Германците создадоа повеќе шанси, посебно во второто полувреме, но Ареола на голот не дозволи пораз на актуелните шампиони. Франција останува непоразена од март, и сега ги очекува меч со Холандија во второто коло.

Велс пак во „островското“ дерби, со 4:1 ја „здроби“ репрезентацијата на Република Ирска, покажувајќи амбиции за влез во Лига А. Том Лоренс, Герет Бејл и Арон Ремзи „удрија“ во првото полувреме, по што во второто двете репрезентации постигнаа по уште еден гол.

Божидар Краев постигна два гола за Бугарија да стигне до 2:1 победа над Словенија на „Стожице“ во Љубљана, додека во истата група, Норвешка со 2:0 го совлада Кипар.

 ЛИГА НА НАЦИИ, 1.КОЛО

ЛИГА А, ГРУПА 1

Германија – Франција 0:0

ЛИГА Б, ГРУПА 1

Чешка – Украина 1:2

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Велс – Ирска 4:1

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Норвешка – Кипар 2:0

Словенија – Бугарија 1:2

ЛИГА Д, ГРУПА 1

Казахстан – Грузија 0:2

Летонија – Андора 0:0

ЛИГА Д, ГРУПА 2

Ерменија  – Лихтенштајн 2:1

Гибралтар – Македонија 0:2

Scroll to Top