Јапонскиот репрезентативец Каисуке Хонда на натпреварот што неговиот тим го одигра против Сенегал успеа да го запише своето име во историјата на светските првенства.
Јапонија, вечера, одигра 2:2 против Сенегал, а вториот гол за Јапонија го постигна токму Хонда. Поранешниот фудбалер на Милан на теренот влезе во 72.минута, а шест минути подоцна го поставо конечниот резултат.
Со овој гол Хонда влезе во мундијалската историја како единствениот фудбалер што на три последовни светски првенства постигнал гол и забележал асистенција. Хонда асистираше за вториот гол со кој Јапонија во првата рунда славеше над Колумбија 2:1.
Овој играч бил стрелец и асистент на првенствата во 2010, 2014 и 2018 година.
Јапонија, во пресрет на последното коло во Х-групата се наоѓа на првото место во групата со четири бода, а во последното коло ќе игра против Полска, репрезентација која нема шанси за пласман во осмина-финалето.