Играчот од средниот ред на Евертон, Џејмс Меккарти доби страшна скршеница на ногата во дуелот со Вест Бром, инцидент кој го остави напаѓачот на ВБА, Саломон Рондон во солзи.
Рондон случајо го погоди Меккарти во ногата во второто полувреме на „Гудисон парк“, по што Ирецот остана на подот со болка и веднаш беше изнесен надвор од теренот.
Венецуелскиот напаѓач Рондон беше толку вонземирен од повредата која ја предизвика што мораше да биде утешуван од Џејмс Мекклин, кој е колега од ирската репрезентација.