Top Sport

Хоселу по 11 години се враќа во Реал, ќе му биде резерва на Бензема

Реал Мадрид во Еспањол најде напаѓач кој треба да му биде замена на Карим Бензема. Шпанските медиуми тврдат дека по завршувањето на сезоната, на „Сантијаго бернабеу“ ќе пристигне 33. годишниот Хоселу.

Телевизијата „Ел Чирингито“ и платформата „Релево“, објавија дека Реал, во летниот преоден рок нема донесе голема ѕвезда во нападот, што некако беше очекувано, бидејќи Бензема поради поверди пропушти многу натпревари оваа сезона.

Хоселу ја започна својата кариера во Селта, но како тинејџер пристигна во „кралскиот клуб“ за кој одигра само еден натпревар во првиот тим во Ла Лига, во сезоната 2011/12.

И покрај годините, напаѓачот дури неодамна стана репрезентативец на Шпанија, откако новиот селектор Луис де ла Фуенте го повика на европските квалификации во март. Овој веднаш се „заблагодари“ со два гола.

Оваа сезона Хоселу постигна 16 гола и додаде четири асистенции во дресот на Еспањол. Неговиот клуб, сепак, е на чекор од испаѓање, што може да го олесни неговиот евентуален на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top