Top Sport

Илиевски се враќа во Олимпија како спортски директор

Еден од кошаркарските херои од Европското првенство во Литванија, Владо Илиевски, најверојатно ќе биде новиот спортски деректор на регионалниот великан Цедевита Олимпија.

Иливески на оваа функција би го заменил Сани Бечировиќ. Легендата на Олимпија оваа функција во иднина ќе ја извршува во Панатинаикос.

Илиевски изминативе четири години беше претседател на словенечкиот прволигаш Илирија, а долго се шпекулираше дека сака да ја презеде Струмица, што сепак не се оствари.

Доаѓањето на Иливески во Цедевита Олимпија се поклупува со медиумските шпекулации дека од наредната сезона нов тренер ќе биде Симоне Пјаниџани. Италијанецот му беше тренер на Илиевски во Монтепаски Сиена.
Иливевски во богата кариеира покрај во Олимпија и Сиена играл и во Барселона, Лотоматика, Болоња, Тау Керамика, Анадолу Ефес.

Scroll to Top