Top Sport

Хрватите девет години во низа имаат фудбалер со титула од ЛШ

По 1:0 победата на Челси над Манчестер сити во вчерашното големо финале од Лигата на шампионите, Матео Ковачиќ по четврти пат во кариерата стана европски шампион и ја продолжи неверојатната низа на хрватските фудбалери, кои девет години во низа имаат шампион во елитното клупско натпреварување.

Марио Манџукиќ во 2013 го освои трофејот со Баерн, по што следуваа Лука Модриќ со Реал Мадрид, Иван Ракитиќ со Барселона, па трипати по ред Модриќ и Ковачиќ со Реал Мадрид, Дејан Ловрен со Ливерпул, а лани Иван Перишиќ стана шампион со Баерн Минхен.

Ковачиќ доби честитка од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), Давор Шукер, и самиот освојувач на ЛШ со Реал Мадрид во 1998 година.

„Мораме да бидеме горди што Хрватска девет години едноподруго има шампион во Лигата на шампионите. Огромна работа е да се постигне ваков континуитет. Знам какво е чувството да се оствари таков важен резултат и сигурен сум дека за Матео ова е само почеток“, изјави Шукер.

Scroll to Top