Top Sport

Хрватите го исфрлаат Ребиќ од репрезентацијата на шест месеци?

Ѕвездата на Милан, Анте Ребиќ го очекува суспензија од шест месеци од Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) по неговите лути критики кои ги објави на социјалните мрежи по елиминацијата на ЕУРО 2020.

Според „Спортске новости“ на Ребиќ покрај шестмесечната пауза од репрезентативниот дрес, му се заканува и финансиска казна до 40.000 куни ако биде пријавен од страна на селекторот Златко Далиќ, кој пак, неодамна изјави дека не планира да го исфрлува фудбалерот од репрезентацијата.

Ребиќ на Инстаграм прво имаше контроверзна објава во која посочи дека „веќе 2-3 години играме ср.ње“ и дека им е потребен „човек кој знае да ја предводи оваа талентирана репрезентација“. Тој потоа веднаш го избриша својот Инстаграм профил.

Ребиќ: Последниве 2-3 години сме го.на, немавме кој да ја искористи генерацијава

Scroll to Top