Top Sport

Капетан Америка – Пулишиќ се посрамоти со трикови над фатена риба

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Кристијан Пулишиќ се најде на ударот на критиките, откако едно негово видео стана вирално на Интернет.

22-годишниот американски репрезентативец во видеото седи на брод, и се обидува да жонглира со топка над огромна фатен риба, пред да ја загуби контролата и да падне директно на рибата.

Иако прво видеото стана вирално поради неговата смешна реакција и признанието дека му било многу страв, потоа се јави и волонтерската групација „Сина Планета“ која посочи дека се работи за гигантски групер, риба која иако не е на листата на загрозени животни, сепак има статус на „ранливо“ животно, кое во САД е забрането за риболов од 1990 година.

Scroll to Top