Хрватите не можат да разберат како од целиот регион само за селекторот и капитенот на Србија, Лука Модриќ, не е најдобар во светот. Модриќ, синоќа, ја доби наградата на ФИФА за играч на годината, а конкуренти му беа Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.
Модриќ освоил 29 отсто од гласовите на селекторите и капитените на националните тимови.
Некако логично беше регионот да гласа за играчот на Реал, меѓутоа од соседна Србија тој добил само еден поен.
Селекторот на Србија, Малден Крстајиќ, гласал за Кристијано Роналдо (пет поени), Еден Азар (три поени) и Антоан Гризман (еден поен).
Капитенот на Србија, Александар Коларов, на Модриќ му дал еден глас. Најмногу поени му доделил на Лионел Меси, а втор кај него е Кевин Де Брујне.