Еден од најдобрите хрватски фудбалери, членот на Барселона Иван Ракитиќ поради повреда најверојатно нема да игра за својата селекција на мечот против Словачка во одлучувачкиот меч за пласман на ЕУРО 2020.
Селекторот на „коцкастите“, Златко Далиќ денеска информираше дека Ракитиќ има проблеми со Ахиловата тетива, па затоа испрати дополнителен повик за играчот на Калјари, Марко Рог.
„Баш ми е криво, одвај го чекав дуелот против Словачка. Жал ми е што нема да можам да и помогнам на екипата, но уверен сум дека ќе успеат и без мене. Ја победија Словачка на првиот меч и без мене, верувам дека така ќе биде и сега во Риека. Ќе бидам со нив со цело срце“ – изјави Ракитиќ за хрватските медиуми.
Селакцијата на Хрватска во сабота на домашен терен игра со Словачка, а за пласман на завршниот турнир доволен и е бод.