Фудбалскиот сојуз на Хрватска го претстави новиот дрес со кој „коцкестите“ ќе играат на Светското првенство во Катар. Премиерата ќе ја има на претстојните дуели од Лигата на нации.
Капитенот Лука Модриќ порача дека новиот дизајн на дресовите е одличен и автентично асоцира на Хрватска.
„Горд сум што имам привилегија да го носам репрезентативниот дрес. Оваа магична црвено-бела комбинација ме потсетува на 1998 година и легендарниот тим кој ја инспирира мојата генерација“, изјави Модриќ.
Хрватска на Мундијалот во Катар ќе игра во група со Мароко, Канада и со Белгија.
View this post on Instagram