Нови четири натпревари во текот на денот ќе се одиграат на 22. Светско првенство во Катар. На програмата се дуелите од првото коло во групите Е и Ф.
Програмата ќе ја отворат и затворат натпреварите во Ф групата. Актуелните светски вице-шампиони, репрезентативците на Хрватска од 11 часот ќе ги одмерат силите со селекцијата на Мароко.
Во 20 часот Белгија ќе игра против Канада.
Попладнето е резервирано за натпреварите во Е групата. Од 14 часот Германија ќе игра против Јапонија, а од 17 часот Шпанија за противник ја ќе ја има Костарика.