Top Sport

(Видео) Хрватска освои нови три поени во Ереван

Хрватската фудбалска репрезентација направи уште еден чекор кон пласман на Европското првенство во 2024 година, со 1:0 гостинска победа кај Ерменија, за да се вратат на првото место на табелата во групатa Д.

Иако доминираше во текот на целиот меч, фудбалерите на Златко Далиќ постигнаа само еден гол, во 14. минута по корнерот на Лука Модриќ, кога Андреј Крамариќ ја смести топката во мрежата на Цанцаревиќ.

Хрватска е прва во групата Д со 10 поени од четири меча, Турција има исто толку по пет одиграни меча, додека Ерменците се на третото место со седум поени.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top