Top Sport

Вечера со Џон Тери? 500 фунти! Автограм? 100 фунти!

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, на своите најверни фанови им дава можност да го однесат на вечера за „само“ 500 фунти, додека автограм ќе ги чини дополнителни 100 фунти, јавуваат британските медиуми.

42-годишниот Тери, кој сега работи со академијата на Челси, ја имаше првата ваква вечера во петокот во Бејсингстоук, и ќе се појави уште во Бирмингем, Борнмут и Лондон во текот на следниот месец. За настанот во Бирмингем, влезот чини 25 фунти, но тие кои сакаат автограм треба да платат 100 фунти по потпис, или да платат 500 фунти за „спонзорски пакет“, со вечера и со еден „бесплатен автограм“, како и фотографија од Тери.

Фановите кои ќе платат 150 фунти за „платинест пакет“, ќе добијат фотографија со Тери и место во првиот ред, но не им се гарантира автограм, додека „златниот пакет“ вклучува фотографија, но не и автограм.

Scroll to Top