Top Sport

ХСВ со победа во Берлин за да биде чекор поблиску до Бундеслигата

Шесткратниот германски шампион, Хамбургер СВ е чекор поблиску до враќање во Бундеслигата, откако во првиот меч од баражот, успеаја на гости да ја совладаат Херта Берлин.

Херој на гостите беше Холанѓанецот Лудовит Рајс, кој погоди во 57. минута за да обезбеди предност пред реваншот за четири дена.

Хамбургер до 2018 година беше најдолговечниот тим кој никогаш не испаднал од првата лига, а оваа сезона завршија како трети во „Цвајте“ зад Шалке и Вердер Бремен. Херта, пак, во последното коло од Бундеслигата заврши на 16. место откако Штутгарт на драматичен начин обезбеди победа. Од Бундеслигата веќе испаднаа Арминија Билефелд и Гројтер Фирт.

Scroll to Top