Top Sport

Евертон со луд камбек до победа над Палас и обезбедување на опстанок!

Евертон сигурно нема да биде второлигаш следната сезона. Навивачите на славниот ливерпулски клуб можат да здивнат по вечерната драма, во која тимот на Френк Лампард се врати од 0:2 негатива по 36 минути игра, за да стигне до драматична 3:2 победа над Кристал палас, со што се одвоија од Барнли и Лидс, двата клуба кои во последното коло ќе се обидат да избегнат преселба во понизок ранг.

Мечот на „Гудисон“ не почна најдобро за Евертон – Жан-Филип Матета во 21. минута ги донесе гостите во водство, за ветеранот Џордан Ају во 36. минута да зголеми на 0:2. Но, „карамелите“ не се предадоа – Мајкл Кин во 54. минута намали на 1:2, Ришарлисон во 75. минута израмни на 2:2, пред Доминик Калверт-Луин во 85. минута да го постигне победничкиот гол, предизвикувајќи кратка инвазија на теренот на навивачите на Евертон.

ПРЕМИЕРЛИГА

Евертон – Кристал палас 3:2

Астон вила – Барнли

Челси – Лестер 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top