Top Sport

Реал го доби евролигашкото „Ел класико“ за финале на Евролигата!

Реал Мадрид со 86:83 ја совлада Барселона во второто полуфинале од Евролигата во Белград, за слатка одмазда на тимот на Пабло Ласо и обезбедување на големо финале против актуелниот шампион, Анадолу Ефес, кој претходно во драма беше подобар од Олимпијакос.

„Кралевите“ имаа лоша серија од пет порази едноподруго од Барселона, за да им се одмаздат во најважниот меч од сезоната, и тоа откако тимот на Шарунас Јасикевичиус имаше и двоцифрена предност во мечот. Ова е прво финале за „кралевите“ по освојувањето на титулата во 2018 година.

Барса имаше серија од 9-0 во втората четвртина за да поведе со 43:33 пред полувремето, но Реал се врати со 26:11 во третата четвртина, предводени од Серхио Љуљ и Фабиен Касер. Николас Лапровитола ги врати Барса во игра со две тројки во низа за на три минути пред крајот, Реал да има два поени предност (73:75). Мечот влезе во неизвесна завршниц, пред Љуљ да ја осигура победата. Касер заврши со 18 поени за Рел, Јабуселе имаше 18 поени и 8 скока, а Љуљ заврши со 15 поени. За Барса не беше доволна фантастичната партија на Никола Миротиќ со 26 поени, 12 скока и 5 асистенции.

Финалето се игра во сабота во 18 часот.

Scroll to Top