Top Sport

Хуан Кала: Ова е лов на вештерки – Валенсија: Не ти веруваме, лажеш

Хуан Кала, фудбалерот на Кадиз, кого Муктар Дијакаби го обвини за расизам, попладнево одржа прес-конференција. Во неделата, Дијакаби, а потоа и целиот тим на Валенсија, го напуштија теренот во Кадиз, бидејќи Кала на Дијакаби му рекол дека „црне..о гом.о, сега повторно ќе плачеш“.

Кала, на прес-конференцијата, го негира случајот и побара да се престане со „ловот на вештерки“. Тој им упати порака на сите оние кои го навредувале овие два дена да најадат доблест и да му се извинат.

„Не знам дали ова е измислица на Дијакаби, или погрешно ме разбрал, навистина не знам…Сум живеел со Кинези, Јужноафриканци, бев во Гвинеја со Хануте и Беџамин (соиграчи од Севилја), шокиран сум. Играме без публика, на теренот има 20-25 микрофони, камери, се може да се слушне. И никој ништо не слушнал? Ова е циркуз“, рекол Кала.

Рекол дека не е проблем да седне со Дијакаби и да ја расчистат работата, но тоа нема да го направи дејќи неправедно е обвинет.

„Мојот адвокат подготвува информации за судската постапка. Ова е лов на вештерки. Како да сме на Дивиот запад. Не знам што стана со она „невин е додека не се докаже спротивното. Ваков линч не никој не заслужува. Ќе ви го дадам мојот телефонски број, можете да се извините“.

„Ова е опасен преседан. Без доказ.Без судија. Никој не сака да слушне што имам јас да кажам“, рекол Кала.

Тој рекол дека откако Дијакаби заминал во соблекувалната, не отишол да му се извини, бидејќи ризикувал да влезе во метежот и да добие уште еден жолт картон“.

Од друга страна Дијакаби тврди дека во соблекувалната на Валнесија влегувале играчи на Кадиз и го прашувале дали би се вратил на теренот доколку Кала му се извини.

Веднаш по прес-конференција, Валенсија се огласи на Твитер.

„Хуан Кала не ти веруваме“.

Scroll to Top