Top Sport

Богдановиќ: Спиеме само по неколку часа, но во ова сме сите заедно, ќе заврши!

НБА сезоната во моментов е многу чудна, пандемијата на коронавирусот влијае врз неа. Натпреварите се играат без присуство на публика, а Ковид тестирањата се обврзни по секој натпревар.

Секојдневното тестирање претставува проблем затоа што се врши рано наутро, па играчите немаат доволно време да се наспијат.

Токму за тоа за српските медиуми своја изјава имаше и кошаркарот на Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ.

„Условите во кои играме се за зачувување на менталното здравје. Ќе одиграш два меча во низа и веднаш те тестираат рано наутро. Не можеш да се наспиеш по натпреварот, спиеш само 4 часа. Имаше и доста повреди сезонава, но тоа е нормално. Сите сме во ова заедно, се надевам дека наскоро се ќе заврши“ рече Богдановиќ кој добар дел од НБА сезоната пропушти поради повреда.

Подетално објасни како изгледа процесот на тестирање.

„По натпреварите, секоја ноќ не тестираат, рано наутро. Леташ, па доаѓаш во хотел најдоцна до 1 по полноќ, додека се истушираш и распакуваш, додека се спушти адреналинот по мечот веќе дошло 3 по полноќ. Тестирањето е во 9 наутро, што значи мора да се разбудиш во 8. Ова е потешкиот дел од целата ситуација“ вели Богдановиќ.

Scroll to Top