Top Sport

Хулигани дивееја во Турција, претепан голманот на Алтај

Навивачки нереди го обележаа натпреварот Гестепе и Алтај, во 15. коло од втората лига на Турција. Толпата дивееше за време на натпреварот на стадионот „Гурсел Аксел“.

Хаосот започна кога гостинските навивачи испукаа неколку ракети и петарди кон домашните навивачи што предизвика хаос на трибините.

Навивачи на домашната екипа се здобија со повреди, а додека им се помагаше на навивачите, еден од хулиганите влезе на теренот и со корнер знаменцето неколку пати по главата го удри голманот на Алтај, Озан Озенц.

Засега информациите се дека голманот обилно крварел од рана длабока четири сантиметри.

Scroll to Top