Бразилскиот напаѓач на Атлетико Минеиро, Живанилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк, по четврти пат ќе стане татко, овојпат со Камила Анжело, новата сопруга, која бизарно е внука на неговата поранешна сопруга.
Камила е внука на поранешната сопруга на Хулк, Ира Анжело де Соуза, со која поранешниот фудбалер на Порто беше оженет од 2007 до 2019 година и со која има три деца, пред Хулк да почне врска со внуката неколку месеци по нивната разделба.
35-годишниот Хулк блескаше во Европа со Порто и Зенит Санкт Петерсбург, пред да замине во Кина, каде што играше за Шангај СИПГ, за неодамна да се врати во татковината.
Екссопругата на Хулк удри по внуката која се омажи за фудбалерот