Top Sport

Хулк се ожени со внуката на својата поранешна сопруга!

Ѕвездата на Шангај СИПГ, Бразилецот Хулк се ожени со внуката на својата поранешна сопруга во „изненадувачка одлука“ само неколку месеци по разводот.

Хулк се развел со 33-годишната Иран Анжело во јули по 12 години заедно, по што во декември се појавија шпекулации дека е во врска со нејзината внука, 31-годишната Камила Анжело. Аргентинскиот весник „Инфобеј“ објави дека двојката склучила брак минатата недела, бидејќи тоа било потребно за таа да добие виза да може да претстојува во Кина.

Пост на Инстаграм акаунтот на бразилскиот фудбалер потврдува дека тие се во брак, со прстен во описот на фотографијата. Хулк има три деца со претходната сопруга, на 10, 8 и 6 години.

Бразилецот долго време играше за Зенит Санкт Петерсбург, пред да направи трансфер во богатата Кинеска Суперлига за 50 милиони евра во 2016 година, во еден од првите големи трансфери во Кина. Тој постигна 45 гола во 84 меча за Шангај СИПГ и ја освои титулата со тимот во 2018 и Супер купот на Кина во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

??❤️⭐️?

A post shared by Givanildo V. De Sousa- Hulk (@hulkparaiba) on

 

View this post on Instagram

 

Pra sempre ao seu lado meu amor ?❤

A post shared by CAMILA ÂNGELO (@camiilaangelooficial) on

 

View this post on Instagram

 

Eu vc & o amor ❤ Ninguém está imune a viver o maior dos sentimentos Happy valentine,s day ❤

A post shared by CAMILA ÂNGELO (@camiilaangelooficial) on

Хулк ја оставил сопругата за врска со нејзината внука

Scroll to Top