Top Sport

Интер излегоа од изолација

Ниту еден фудбалер на Интер нема симптоми на корона вирусот и сега официјално можат да излезат од своите домови по периодот на самоизолација.

Целиот тим на „нераѕурите“ беше во карантин последните две недели откако на 8 март загубија со 2:0 од Јувентус во „Дерби д’Италија“, по што тројца фудбалери на Јувентус беа позитивни на болеста – Даниеле Ругани, Блез Матуиди и Пауло Дибала.

Според „Калчомеркато“, ниту еден од членовите на тимот не покажал симптоми на КОВИД-19 и сега можат да се движат, иако во Италија ова движење е ограничено до супермаркетите и аптеките.

Тренинзите на тимот се прекинати барем до 3 април.

Scroll to Top