Матс Хумелс одигра само едно полувреме во победата на Борусија Дортмунд против Волфсбург од 2:0. Повредата на Хумелс ги загрижи сите во клубот, прашање е дали тој ќе може да игра во дербито против Баерн кое на програмата е во вторник.
„Имав кус разговор со клупскиот лекар. Матс почувствувал болка во Ахиловата тетива. Се надеваме дека ќе може да игра во вторник“, изјавил за „Скај Спорт“ спортскиот директор Михаел Цорк.
Во пресрет на дербито кое веројатно ќе ја реши шампионската трка Баерн има четири поени повеќе од Борусија.