Top Sport

Њукасл имаат подготвено „супер-понуда“ за Почетино

Њукасл јунајтед му дале „одлична“ понуда на Мауриио Почетино да биде нов менаџер на клубот по преземањето на клубот од инвеститорите од Саудиска Арабија, открива неговиот близак пријател и поранешен тренер и фудбалер, Освалдо Ардилес.

Почетино е без работа откако доби отказ од Тотенхем и беше заменет од Жозе Мурињо, а сега за аргентинските медиуми Ардилес отркива дека неговиот сонародник веќе е во напреднати преговори со Њукасл за да ја предводи „револуцијата“ со многу пари на „Сент Џејмс парк“.

„Тој е поврзан со Њукасл јунајтед. Кога зборуваше со гглавните луѓе, тие му дадоа многу добра понуда, иако уште беше под договор со Тотенхем. Но, минатиот вторник таа ситуација се отклучи и тој е слободен да потпише. Мислам дека уште малку ќе размисли“, изјави Ардилес.

Купувањето на клубот за 300 милиони фунти од страна на Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија, донесе огромен број на шпекулации за тоа какви ќе бидат засилувањата на клубот.

Scroll to Top