Top Sport

Хумелс и Витсел ќе бидат подготвени за Баерн

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен утревечер ќе го одиграат веројатно клучниот натпревар оваа сезона во Бундеслигата. Дербито на „Вестфален“ може да ги реши дилемите околку шампионската титула доколку Баварците излезат како победници. Победа на Дортмунд ќе значи дополнителна драма во шампионската трка.

Во пресрет на дербито Борусија има четири поени помалку од лидерот Баерн. Двата тима забележаа по две победи откако продолжи сезоната во Бундеслигата.

Повеќе од противникот загриженост во таборот на „милионерите“ предизвикува повредите на неколку играчи. Матс Хумелс и Аксел Витсел се повредија во саботата против Вофсбург, додека неизвесен е и настапот на Џејдон Санчи и Емре Џан.

„Мораме да почекаме до утре и да видиме што ќе биде со Матс, но мислам дека 99 отсто ќе игра. Витсел тренираше во неделата, може да биде во тимот. Џан може да игра 45 минути и тоа е добро. Санчо тренира со тимот веќе десет дена и полека се враќа во форма. Ќе видиме“, рекол тренерот на Борусија Лусиен Фавр.

Натпреварот Борусија-Баерн во вторник ќе започне во 18.30 часот.

Scroll to Top