Top Sport

Ибрахимовиќ е повреден, можна е подолга пауза

Златан Ибрахимовиќ се повредил на тренингот и му претстои пауза, објави италијанскиот „Скај Спорт“.

На последниот тренинг на Милан Ибрахимовиќ се пожалил на болка во листот на ногата. Швеѓанецот имаше проблем со оваа повреда на почетокот на годината, но успеа да се рехабилитира.

„Скај Спорт“ тврди дека повредата изгледа сериозно и дека е можно да не е во прашање листот туку Ахиловата тетива. Дополнителните тестови ќе покажат колу е сериозна повредата и колку време ќе биде потребно таа да биде санирана. Во Милан стравувале дека е можно Ибрахимовиќ да отсуствува подолго време.

Поранешниот репрезентативец на Шведска во зимскиот преоден рок се врати во Милан. До прекинот на сезоната одигра десет натпревар на кои постигна четири гола.

Инаку Ибрахимовиќ се уште не се изјаснил да и наредната сезона ќе остане во Милан.

Scroll to Top