Top Sport

Хванг стана најскапото засилување во историјата на Црвена звезда

Фудбалскиот клуб Црвена звезда, во последен момент го комплетираше ростерот за Лигата на шампионите. Тројца фудбалери ги засилија редовите на српскиот шампион. За нивните трансфери клубот потроши 9.300.000 евра.

Репрезентативецот на Јужна Кореа, Ин-Бом Хванг, стана најскапото засилување во клупската историја. За неговиот трансфер Црвена звезда на Олимпијакос му плати 5.000.000 евра. Тој со црвени-белите потпиша договор до 2027 година.

Хванг, во Европа играше и за Рубин од Казан, а потоа се пресели во Олимпијакос каде на 40 натпревари постигна пет гола. За репрезентацијата на Јужна Кореја одигра 45 натпревари и постигна пет гола.

Неколку часа пред Хванг, во Белград пристигна напаѓачот Шериф Ндиаје. Сенегалецот во Црвена звезда дојде од Адана. Фиксниот дел од трансферот изнесува 4.000.000 евра, плус Адана може да заработи уште 1.000.000 евра доколку бидат реализирани клаузулите во договорот.

Црвено-белите, исто така о потпишаа и дефанзивецот од Буркина Фасо, Насер Џига. Џига оваа сезона е позајмен од Базел, а Црвена звезда по завршувањето на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 2.000.000 евра.

Scroll to Top