Top Sport

(Видео) Зверев поради навивач го прекина мечот: Исфрлете го надвор, го величи Хитлер

Драматичен осминафинален меч на Ју-ес опен, со прекин во четвртиот сет одиграат Александар Зверев и Јаник Синер. Зверев, чии родители се Руси, нотој е роден и израснат во Германија се пожали дека навивач на трибините го велича Адолф Хитлер.

При резултат 2:2, Зверев ја прекина играта, му пријде на судијата и му рече: „Некој од публиката ја извикува најпознатата фраза на Хитлер во историјата! Тоа е недозволиво!”
Судијата полуде на тоа, се сврте кон публиката и извика: „Кој го рече тоа? Кој го рече тоа? Крени рака! Кој го рече тоа?”

Откако гемот заврши обезбедувањето го најде навивачот и го исфрли додека толпата скандираше во знак на одобрување.

Исфрлен гледач беше казнет затоа што извикуваше „Deutschland über alles“ (Германија пред сè), што беше првиот стих од германската национална химна до капитулацијата на Германија во Втората светска војна. Сепак, тоа е и слоганот на режимот на Хитлер, кој го злоупотреби тој стих како доказ за германската супериорност над сите други народи.

Затоа сојузниците го забранија изведувањето на германската национална химна кога ја окупираа земјата во 1945 година. Седум години подоцна, беше дозволено повторно да се користи националната химна, но беше употребена и испеана само третата строфа.

Така е до денес. Затоа она што неинформираните странци го сметаат за израз на сочувство кон Германија и Германците, граѓаните на таа земја, вклучително и Александар Зверев, го сфаќаат како нешто одвратно, забрането и величење на нацизмот.

Scroll to Top