Top Sport

И Алегри ја одбил Барселона?

Шпанскиот весник „АС“ тврди дека Масимилијано Алегри бил еден од петте тренери кои одбиле да седнат на клупата на Барселона, пред Каталонците да се одлучaт за Кике Сетиен.

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус бил еден од главните кандидати да ја преземе клупата на клубот од „Ноу Камп“ откако тие решиле да се ослободат од Ернесто Валверде на 13 јануари. Според весникот, Италијанецот бил четврти избор, пред Чави, Роналд Куман, Маурисио Почетино, пред Гарсија Пимента, пред Кике Сетиен да го прифати предизвикот.

Алегри е без работа откако минатото лето беше отпуштен од Јувентус и покрај тоа што освои пет титули со италијанскиот клуб. Тој е постојано поврзуван со преселба во Премиер лигата, бидејќи наводно веќе зема лекции по англиски јазик, посебно со позицијата во Манчестер јунајтед.

Scroll to Top