Top Sport

Брињоне со нова победа во Сочи (видео)

Италијанката Федерика Брињоне стигна до својата четврта победа оваа сезона, триумфирајќи на супер-џи трката на олимписката патека во Сочи  пред својата сонародничка Софија Гоџија и Швајцарката Јоана Хелен.

Супер-џи трката се оддржа откако во саботата беше откажан спустот поради силниот снег во ски-центарот Роза Хутор. За 29-годишната Брињоне ова е четиринаеста победа во светскиот куп и трета во супер-џи оваа сезона.

Лидерката во генерален пласман, Микаела Шифрин реши да ги прескокне трките во Сочи за да се одмори.

Scroll to Top