Top Sport

Солскјер го најде проблемот: Напаѓачите не се движеле доволно за Фернандеш

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека неговите напаѓачи не се движеле доволно добро за да се забележи прогресот во играта со новото засилување, Португалецот Бруно Фернандеш.

Фернандеш е играч на Јунајтед нешто повеќе од два дена, откако во четвртокот пристигна од Спортинг, но тоа не пречеше тој да биде стартер при 0:0 ремито со Вулверхемптон на „Олд Трафорд“. Тој имаше солидно деби, но во мечот двата тима не креираа многу шанси, и Солскјер беше задоволен.

„Го ставивме Бруно подлабоко на топката за нас. Мислам дека го контролиравме првото полувреме. Бруно е врвен играч и тоа го покажа во првиот меч. Во првото полувреме напаѓачите требаа да се движат пред него, но не успеаја. Затоа го вративме малку поназад за да има повеќе топка во нозете. Тој е топ фудбалер“, изјави Солскјер.

Scroll to Top