Top Sport

Лотито подготвил нов договор за СМС

Претседателот на Лацио Клаудио Лотито подготвил нов договор за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), тврди „Калчомеркато“.

СМС од почетокот на преодниот рок се поврзуваше со неколку врвни европски клубови, а наводно најмногу биле заинтересирани од Манчестер Јунајтед.

Дури СМС имал дозвола, за добра цена да го напушти клубот, а откако тоа не се случи сега Лацио ќе се обидат да го задржат со зголемување на платата.

24 годишниот фудбалер има договор со Лацио до јуни 2023 година.
„Калчомеркато“ не открива колкаво зголемување на платата ќе доби официјално најдобриот играч од редот за врска во Серија А во минатата сезона.

Scroll to Top