Капитенот на Саутемптон, Џејмс Ворд-Прауз ги демантираше шпекулациите во англиските медиуми дека ќе бара да си замине од клубот доколку тие испаднат од Премиерлигата.
По вчерашниот 4:3 пораз од Нотингем форест, Саутемптон се на осум поени од безбедната зона со само три меча до крајот на сезоната и само теоретски остануваат во елитата. Ворд-Прауз е стандарден првотимец во Саутемптон од 2012 година со над 400 настапи за клубот.
„Сакам да го дадам максимумот за овој фудбалски клуб, како и секогаш досега. Секогаш кога ќе го облечам дресот давам 100 отсто и нема разлика дали ќе загубиме или ќе победиме. Од мојата осма година сум посветен на Саутемптон, нема вистина во тоа дека ќе заминам“, вели Ворд-Прауз.