Кристијано Роналдо на почетокот на подготовките на Португалија за СП се најде лице в лице со Бруно Фернандеш за првпат по неговото експлозивно интервју со Пирс Морган.
Бруно Фернандеш не изгледаше премногу задоволен што го виде соиграчот од Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, додека двете ѕвезди се сретнаа во соблекувалната пред тренингот на Португалија.
Според странските медиуми, врз основа на снимките кои се појавија, Фернандеш воопшто не делува пријателски настроен кон Роналдо и се чини дека сето она што го кажа поранешниот ас на Реал Мадрид и Јувентус оставило белег и кај неговите соиграчи.
Во видеото споделено на социјалните мрежи во понеделникот вечерта во португалскиот табор, Роналдо се обидува да го поздрави Фернандеш со ракување.
И покрај тоа што играчот од средниот ред ја прифаќа раката на својот соиграч, Роналдо останува без зборови бидејќи Фернандеш изгледа нема намера да му каже ништо убаво.
Бруно Фернандеш само накратко разговара со Роналдо, пред да се оддалечи од него и да замине подалеку, кон другиот крај од соблекувалната.