Тренерот на Галатасарај и поранешен прв човек на Милан и Фиорентина, Фатих Терим имал позитивен тест на корона вирус, но ги уверува фановите дека се наоѓа „во добри раце“. Терим нема други здравствени проблеми, но со своите 66 години е во ризичната група на популацијата.
„Според мојот денешен тест, јас сум позитивен на корона вирус. Се наоѓам во добри раце во болницата, не се грижете за мене. Ќе објавам соопштение што е можно побргу“, вели Терим.
Тој е првиот турски тренер кој освоил европски трофејсо турски клуб, откако со Галата во 2000 го освои УЕФА купот. По ова, тој беше тренер на Фиорентина и Милан, предводејќи ги Фиорентина до финалето на Копа Италија во 2011. Тој потоа беше тренер пола сезона 2001/02 со Милан, помагајќи да се изгради тимот кој во 2002/03 ја освои Лигата на шампионите.
Bugün yapılan test sonuçlarına göre Corona Virüs sonucum pozitif çıkmıştır. Hastanede emin ellerdeyim. Merak etmeyin. En kısa zamanda haberleşmek üzere..
— Fatih Terim (@fatihterim) March 23, 2020