Фудбалерите од првиот состав на Реал Мадрид ќе добијат намалена плата од 10 до 20 отсто за да се надополни загубата на тимот поради пандемијата на корона вирусот, потврдија од „кралскиот“ клуб иако првично инсистираа дека тие нема да го следат примерот на ривалите од Ла лига.
Ла лига паузира од март и нема јасен датум за враќањето на шпанскиот фудбал, бидејќи токму оваа земја заедно со Италија е една од најпогодените од пандемијата. Додека трае оваа ситуација, фудбалскиот и кошаркарскиот тим на Реал Мадрид ќе помогнат со намалување на високите плати.
„Фудбалерите и тренерите на првиот тим на Реал Мадрид во кошарка и фудбал, предводени од своите капитени и директорите на клубот доброволно се согласија да ја намалат платата за оваа година од 10 до 20 отсто поради условите. Оваа одлука, одобрена од фудбалерите и тренерите ќе донесе до избегнување на трауматски мерки за другите вработени во клубот поради намалувањето на приходите. Реал Мадрид е горд на тие кои се дел од семејството кое ги следи истите вредности кои се значајни во вакви времиња“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Сепак, мора да се признае дека ова намалување е многу помало од тоа што применија нивните градски ривали Атлетико Мадрид и вечните ривали Барселона, кои им ги „скратија“ платите на фудбалерите за фантастични 70 отсто.
El Real Madrid C.F. reduce sus gastos para esta temporada.
Jugadores, técnicos y empleados acuerdan con el club una importante iniciativa de ahorro.#RealMadrid— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) April 8, 2020