Top Sport

И легендарниот Роналдо позитивен на КОВИД

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо, кој сега е претседател на бразилскиот Крузеиро и шпанскиот Реал Валјадолид е позитивен на КОВИД-19, но за среќа поминува со благи симптоми, објави неговиот клуб.

Роналдо, кој се повлече од спортот во 2011, неодамна го купи својот стар клуб, Крузеиро, кои преку објава потврдија дека тој нема да учествува во церемонијата за одбележување на 101-годишнината на клубот поради позитивниот тест.

45-годишниот Роналдо играше во Крузеиро, ПСВ Ајндховен, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс во својата кариера.

Scroll to Top