Наскоро навршуваат 3 месеци како Тотенхем е без менаџер, се бара наследник на Жозе Мурињо. Во меѓувреме уште еден тренер ја одби клупата на „петлите“.
Се работи за тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги на кого Тотенхем наводно му нуделе висока сума на пари. Оваа вест ја обелодени претседателот на шпанскиот клуб, Хозе Кастро.
„Хулен ме повика и ми кажа. Ми рече дека имал понуда, но дека не ги слушал. Тоа била вртоглава понуда од Тотенхем. Ми рече дека е мотивиран овде. Му верувавме и му веруваме, му дадовме нов двегодишен договор и сигурен сум дека ќе донесе уште многу за клубот. Некои тренери се водат од економски причини, но Хулен е многу јасен – среќен е овде“ изјави Кастро.
Тотенхем во изминатиот период се обиде да доведе повеќе тренерски имиња меѓу кои и Маурисио Покетино, Антонио Конте, Пауло Фонсека, Џенаро Гатузо и други.
Лопетеги во кариерата беше тренер во Реал Мадрид, но беше и на кормилото на „Фуријата“.