Top Sport

И младите Шпанци пресилни за Литванија, Унгарците и Полјаците неубедливи

Шпанија, со У-21 тимот, стигна до 4:0 победа над Литванија во меч кој требаше да биде последен тест на тимот на Луис Енрике за ЕУРО 2020, план кој беше уништен со позитивниот тест на КОВИД-19 на Серхиo Бускетс и изолацијата на репрезентацијата.

Поради ова, У-21 репрезентацијата, свежа по настапот на Европското првенство, имаше шанса да излезе на теренот во Леганес за лесна победа над Литванците. Уго Гијамон уште во третата минута ги донесе во водство домаќините, пред во 24. Брахим Дијаз да зголеми на 2:0. Миранда во 54. минута и Пуадо во 73. минута ја доврши работата.

Унгарија, пред настапот на ЕУРО 2020, не успеа да импресионира против Република Ирска, одигрувајќи само 0:0 пред домашната публика во Будимпешта. Полска, исто така не ги воодушеви навивачите, откако во 88. минута со голот на Карол Свидерски стигна до 2:2 реми со Исланд.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

Шпанија – Литванија 4:0

Полска – Исланд 2:2

Унгарија – Ирска 0:0

Чешка – Албанија 3:1

Scroll to Top