Top Sport

Грета Тунберг „удри“ по Роџер Федерер!

Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која во последната година стана позната како еколошки активист го нападна Роџер Федерер поради тоа што тој е заштитно лице на „Кредит Свис“, швајцарската банка која инвестира пари во комапнии кои бараат нови извори на фосилни горива.

„Од 2016 година, ’Кредит Свис’ обезбеди 57 милијарди долари на компании кои бараат нови фосилни горива, нешто што е целосно во спротивност на климатската акција. Роџер Федерер, дали ти го поддржуваш ова? Роџер разбуди се сега“, се вели во пораката која ја препрати 17-годишната Тунберг на Твитер.

Ова доаѓа откако оваа недела, десетина швајцарски климатски активисти се појавија на суд откако одбија да платат казна за играње тенис во експозитурите на „Кредит Свис“. Ова беше јасна порака до Роџер Федерер, кој е амбасадор на банката, еден од неговите најголеми поддржувачи кои помогнаа во кариерата тој да заработи повеќе од 900 милиони долари.

Scroll to Top