Top Sport

И Обамејанг има проблем со срцето по прележан КОВИД

Поранешниот капитен на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг не доби дозвола да настапи за Габон на Африканскиот куп на нации (АФЦОН), откако од репрезентација потврдија дека тој има проблеми со срцето по прележаниот КОВИД-19.

32-годишниот Обамејанг заедно со својот соиграч од репрезентацијата, фудбалерот на Ница, Марио Лемина беа отсустни од првиот меч на Габон на АФЦОН поради позитивен тест на КОВИД-19, но двајцата го паднале медицинскиот тест пред мечот со Гана, поради проблеми со срцето.

Оваа вест доаѓа истиот ден кога од Баерн Минхен потврдија дека Канаѓанецот Алфонсо Дејвис ќе отсуствува неколку недели поради воспаление на срцето исто така по прележан КОВИД-19.

Обамејанг го загуби статусот на капитен на Арсенал по конфликтот со менаџерот Микел Артета, и се шпекулираше дека ќе биде продаден во текот на јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top