Top Sport

И обичните работници против Нејмар: Ти си грабач на пари! (видео)

Сагата околу иднината на Нејмар во тимот на Пари Сен-Жермен подолго време не „забавува“ по низата одбиени понуди од Барселона и Реал Мадрид за негово враќање во Шпанија, но на навивачите на ПСЖ очигледно не им е толку забавно.

Ова станува уште појасно откако на Интернет се појави видео на кое еден вработен на ПСЖ вреска кон Бразилецот: „Грабач на пари“ во близината на тренинг-центарот на клубот Камп де Лож. На снимката јасно се слуша како тој му вика „pesetero“ на Нејмар, што на шпански е грабач на пари или платеник.

Инцидентот доаѓа откако на првиот домашен меч, навивачите на ПСЖ поставија банери против Нејмар и пееја песни против Бразилецот.

Навивачите на ПСЖ се свртеа против Нејмар: Ти си кучкин син (видео)

Scroll to Top