Top Sport

И покрај двата поништени гола, Ливерпул му се одмазди на Јунајтед (видео)

Ливерпул со 2:0 го совлада Манчестер јунајтед во големото дерби од англискиот фудбал, за да се одмазди на единствениот тим кој оваа сезона успеа да им „откине“ поени во Премиер лигата и да ја забележи 21. победа во 22 кола во англиската елита.

Ливерпул од стартот на мечот почна со притисок и не му требаше многу време да дојде во водство, откако во 14-тата минута по слободен удар, Виргил ван Дајк успеа да биде повисок од одбраната на „ѓаволите“ и да ја го совлада Де Хеа, по што Јунајтед имаа среќа што резултатот не беше поинаков.

Садио Мане имаше неколку шанси, додека головите на Роберто Фирмино и на Џиџи Вајналдум беа поништени. Во 26. минута, Ван Дајк успева да му ја одземе топката на Де Хеа, по што Фирмино со фантастичен удар постигнува гол, кој сепак, е поништен поради фаулот над шпанскиот голман. Во 35. минута, уште еден поништен гол, откако Фирмино го пронајде Вајналдум, кој со сигурен шут го совлада Де Хеа. Меѓутоа, линискиот судија и без ВАР системот одредува дека имало офсајд ситуација. Јунајтед најдобрата шанса ја имаа во 45. минута, кога Ван-Бисака одлично го пронајде Переира, меѓутоа Бразилецот утна празен гол.

На стартот на второто полувреме, „црвените“ на Јирген Клоп уфрлија во повисока брзина и направија голем број на шанси пред голот на Јунајтед – Салах имаше најдобра шанса со удар покрај голот, додека Хендерсон ја погоди пречката. Фред за малку ќе ги „казнеше“ во 57. минута со убав удар од 20-тина метри, а само две минути подоцна Марсијал имаше одлично проигрување со Переира, но ударот не заврши во рамката од голот.

Александер-Арнолд во 76. минута упатува убав удар, додек само две минути подоцна блиску до гол беше Мејсон Гринвуд по одличната асистенција на Марсијал. Гостите тргнаа во офанзива во финишот на мечот, и тоа го искористи Мохамед Салах, кој по нафрлањето од голманот Алисон во 94. минута стави точка на мечот.

Scroll to Top