Top Sport

И покрај протестот на Шахтјор, Тотенхем ќе му даде договор на Соломон

Тотенхем се договориле за петгодишен договор со израелскиот фудбалер, Манор Соломон, кој ќе биде петти постојан трансфер на лондонскиот клуб по пристигнувањето на Гуљелмо Викарио и Џејмс Медисон и комплетирањето на постојаниот трансфер на Дејан Кулушевски од Јувентус, јавуваат британските медиуми.

Израелскиот репрезентативец имаше одлична сезона со Фулам, каде што играше како позајмен играч од Шахтјор, кои инсистираат дека тој останува нивни играч и покрај одлуката на ФИФА за суспендирањето на договорите со руските и украинските клубови за странски играчи. Шахтјор претходно се заканија дека ќе ги тужат Тотенхем за трансферот.

Шахјтор се заканија дека ќе ги тужат Тотенхем за Манор Соломон

Scroll to Top